Најмекото тесто, без јајца и млеко – За пити, пици, кифли, едноставно совршено за сè!
Денес ви го претставуваме златниот рецепт за најомиленото универзално тесто кое е совршено за било што, а најдоброто од сè е тоа што за неговата подготовка не ви се потребни ниту јајца, ниту млеко!
Најмекото тесто
Денес ви го претставуваме златниот рецепт за најомиленото универзално тесто кое е совршено за било што, а најдоброто од сè е тоа што за неговата подготовка не ви се потребни ниту јајца, ниту млеко!
Servings: 4
Ingredients
- 900-1000 гр брашно
- 500 мл вода
- 30 гр свеж квасец или 10 гр сув квасец
- 50 мл растително масло
- 1 супена лажица шеќер
- 1 кафена лажица сол
Instructions
- Искршете го квасецот, а потоа кон истиот додадете го шеќерот и измешајте со лажица. Налејте ја целата вода, која треба да е топла, но во ниту еден случај врела. Додадете 100 грама од брашното од целото количество и добро измешајте до добивање на смеса без грутки.
- Покријте го садот со крпа и поставете го да отстои 10-15 минути на топло место, со цел квасецот да се активира. Кога ќе биде готово, додадете растително масло и сол. Додадете го и преостанатото брашно и замесете го тестото. Не го додавајте целото наеднаш.
- Месете го тестото, додека да започне да се одделува од вашите раце и ѕидовите на садот. Тестото треба да е меко, еластично и не многу тврдо. Преместете го тестото во чист сад, премачкан со масло и покријте го со крпа. Оставете го да отстои 40-50 минути на топло место. За тоа време ќе се зголеми 2-3 пати.
- По изминатото време, поставете го тестото на работната површина и започнете да го обликувате и приготвувате за било што, по ваш избор!