Најмоќниот домашен лаксатив- 1 супена лажица од истиот веднаш ги решава стомачните проблеми
Оваа вкусна комбинација ќе ви помоне брзо и ефикасно да ги прочистите вашите црева од наталожените токсини и остатоци од храна. Само 2 состојки ве делат од моќниот резултат.
Домашен лаксатив за ефикасно и брзо отстранување на стомачните проблеми
Потребни состојки
- 150 гр урми (1 шолја)
- 150 гр суви сливи (1 шолја)
- 5 шолји врела вода
Начин на подготовка
Исечете и истолчете ги урмите и сувите сливи на мали парчиња. Потоа и двете состојки додадете ги во врела вода и поставете ја смесата да се вари на слаб оган. Гответе до добивање на густа смеса.
Доколку правилно го приготвите лаксативот, ќе добиете 20 супени лажици еден вид на слатко, кое е соодветно за употреба и за возрасните и за децата.
Начин на употреба
Еден од начините да го употребите домашното слатко со лаксативни својства, е да го додадете во вашите оброци со кисело млеко, зрнести видови на храна или да го консумирате со леб. Или пак, доколку претпочитате, едноставно може и да го консумирате без да го комбинирате со друга храна.