Најмрзеливото тесто за кифлички: Мешате сè на куп и готово! Без да ви се лепи по рацете и без да се излева при печењето
Денес ќе ве израдуваме со еден рецепт за тесто, кое е по мерките на секој готвач- и за оние кои се многу вешти во готвењето и за оние кои штотуку почнуваат.
Кифличките од тестото се превкусни и меки, не се разлеваат при печењето, а самото тесто е многу флексибилно за месење, без да се лепи по вашите раце.
Најмрзеливото тесто за кифлички
Потребни состојки
- 4 шолји брашно
- 2 супени лажици шеќер
- 2 супени лажици сончогледово масло
- 1 пакетче сув квасец (11 гр)
Начин на подготовка
- Сите состојки се мешаат заедно во еден сад, сè додека не добиете мазна текстура.
- Тестото се складира во пластична ќеса и се остава да отстои во фрижидерот во времетраење од 2 часа. ТОА Е СЕ!
- Два часа подоцна, тестото се вади, со малку брашно се замесува и од него се приготвуваат кифлички или мали лепчиња, односно по ваша желба.
- Тестото е одлично за подготовка секој вид на пецива, вклучувајќи и пица.