Најпопуларниот домашен мелем против брчки, со траен затегнувачки ефект, кој се забележува по 3 третмани
Рецептот за најпопуларниот мелем против брчки, кој ја измазнува и затегнува кожата буквално преку ноќ, веќе им има помогнато на многу дами, а истиот се приготвува неверојатно лесно!
Најдоброто од сè е тоа што составот на мелемот е целосно заснован на природни состојки и не вклучува никакви хемиски компоненти!
Истиот ја измазнува кожата и ги прави брчките значително помалку видливи, а по само 3 дена од практикувањето на третманот ќе го забележите чудесниот ефект на мелемот, а се препорачува да го употребувате 2 недели за најдобри резултати.
Чудесен мелем со затегнувачки ефект
Потребни состојки
- Половина свежа жолчка
- 2 кафени лажици бадемово масло (Може да се замени со маслиново масло)
- 1 кафена лажица морска сол
- 2 кафени лажици раствор од камилица (Додадете 1 супена лажица сува камилица во 200 мл вода и варете 15-20 минути)
- Половина кафена лажица мед
- 2 кафени лажици козметички вазелин, кој е достапен во аптеките
Начин на подготовка
Измешајте ги добро сите состојки заедно до добивање на една хомогена и мазна смеса. Добро промешајте повторно, така што мелемот добие еднаква текстура. Добиениот мелем складирајте го во ладилникот.
Начин на употреба
Со лесно масирање, нанесете го мелемот на вашата кожа, а потоа оставете го да отстои 30 минути. Следно, отстранете ги остатоците од истиот, користејќи памучен туфер, претходно потопен во минерална вода.