Најскапото Велигденско „јајце“ чини неверојатни 5.9 милиони евра, а еве и зошто
Дизајнерката Деби Вингам, чии клиенти се милијардерите, овој пат дизајнираше вистинска екстраваганција- луксузно Велигденско јајце од 5.9 милиони евра. А еве за што станува збор и зошто „јајцето“ е толку скапо.
Всушност станува збор за чанта! Чантата, што ќе може да се употребува, штотуку беше претставена во Њујорк.
Скапоценото парче е изработено од материјали кои и припаѓале на мега-богата жена, која одлучила да ги даде своите предмети бидејќи биле од минатата сезона, односно им изминала модата.
Чантата е украсена со речиси 8.000 блескави дијаманти, поставени на платина и 24-каратно злато, а чантата се закопчува со помош на пар луксузни обетки од брендот на Картие, кои се во вредност од 35.000 eвра.
Сегментот на “јајцето” e направено од вистинско јајце од емско јајце, односно јајце од ему- најголемата птица во Австралија и единствениот останат род од Дромаис видот, а истото е емајлирано т.е премачкано со сина дијамантска прашина.
Истото е спакувано во асиметрично гнездо од 24.000 карати злато во вредност од 220.000 евра, а елегантната внатрешност е покриена со отмена марама од луксузниот бренд Ерме.
На надворешната страна се поставени три екстремно ретки розеви дијаманти во вредност од 1.6 милиони евра и два првокласни бели дијаманти вредни 226.000 евра.
Иако сето тоа нам ни изгледа по малку шокантно, најверојатно тоа не е ништо за клиентите на дизајнерката, кои се милијардери и најчесто доаѓаат од Дубаи.