Благи или солени, речиси и да не постои некој кој не обожава палачинки, тие се омилениот избор за појадок и десерт на децата, како и на постарите, се прават многу лесно и брзо, а еве како да ги приготвите со цел да бидат неверојатно совршени!

Најсовршените палачинки

Total Time1 hour
Course: Десерт
Cuisine: Француска
Клучни зборови: палачинки
Servings: 4

Ingredients

  • 2 шолји пресно млеко
  • 4 супени лажици растително масло
  • 4 супени лажици шеќер
  • 2 супени лажици нишесте
  • 2 шолји брашно
  • 1 шолја врела вода
  • 4 јајца
  • 1 прстофат сол
  • По желба ванилин шеќер

Instructions

  • Најпрво, изматете ги јајцата во садот, додадете ги и двата вида на шеќер, додадете прстофат сол и добро измешајте ги состојките. Потоа налејте ги млекото и маслото и продолжете со матење.
  • Налејте ја и врелата вода, додадете го нишестето и добро измешајте. На крај додадете го брашното, малку по малку, додека постепено матите, за да нема грутки. Загрејте ја тавата, премачкајте со масло и испечете ги палачинките на вообичаениот начин.