Римјаните ја увиделе предноста од силни комуникации со сите краишта. Така од 28-те најголеми и најважни патишта низ целата историја на оваа империја неколку особено ќе останат како симбол на сувоземниот крвоток од моќниот Рим ( Виа Аурелија, Виа Панонија, Виа Милитарис,..), но најславниот е токму оној кој поминува низ Македонија, патот – “Виа Игнација”. Патот претставувал најкратка врска помеѓу западните и источните делови на царството и бил граден цели 44 години.

Виа Игнација започнал да се гради во 145 год. п.н.е само една година по крајот на Третата Македонско-Римска војна.  За името на патот постојат две верзии, едната дека е добиено според името на месноста Игнација на самиот Јадрански брег од каде и почнувал патот и другата дека името е според она на проконзулот Гај Игнациј кој е  градител на патот. Вторава верзија денес се смета за поверојатна зашто за татко на Виа Игнација во повеќе извори се смета Гај Игнациј.

Без оглед на тоа што славата му припаѓа на проконзулот Гнеј Егнациј, главните градители во Римското Царство биле робовите, но при градбата на Виа Егнација за прв пат биле ангажирани платени работници.

Виа Игнација бил поправан и прошируван неколкупати. Тој била важна стопанска и стратешка магистрала со векови и бил еден од најважните патишта во Византија, поврзувајќи ги Дирахиум (денешен Драч) на Јадранот, со Лихнид (Охрид), Солун, Перинт (подоцна Хераклеја) со Цариград (Истанбул) на Босфор. Речиси сета копнена трговија со западна Европа во Византија се одвивала по Виа Игнација.

 

За време на Крстоносните војни по него поминувале војските кои потоа преминувале во Мала Азија. По Втората крстоносна војна, контролата врз овој пат била од клучно значење за опстанокот на Латинското Царство како и за државите-следбеници на Византија како Никејското Царство и Епирското Деспотство.

Виа Игнација е важен дел за македонската историја, пред сè заради фактот дека директно влијаел за создавање нови градови и нивниот развој. Од него започнувале или се надоврзувале речиси сите римски патишта на Балканот. Благодарејќи на Виа Игнација, сите новитети, носени од Стамбол до Рим или обратно, поминувале тука, оставајќи материјални и други траги. Делницата на Виа Егнација низ Македонија интезивно била користена сe до Првата Светска војна.