Наместо букети овие младенци на свадбата имале бездомни кученца, а причината за тоа е многу хумана
Една од главните фотографии на секоја венчавка е онаа во која што невестата го држи бидермаерот, кој на крајот се фрла за да го фатат немажените девојки. На оваа свадба бидермаерот не се фрлал затоа што бил мало кученце. Беки и Џон се големи љубители на животни и затоа кога ги замолиле од локалното засолниште за животни да се грижат да 2 мали кученца додека да им пронајдат дом, тие не можеле да ги одбијат.
Двете кученца пораснале и заминале во две прекрасни семејства. Кога почнале да размислуваат за венчавка, Беки и Џон одлучиле дека најубавиот ден од животот нема да им биде целосен доколку не го прават онаа што најмногу го сакаат. Затоа тие земале повеќе кутриња од засолништето и свадбената фотосесија ја направиле со нив. Освен младенците со кучињата се фотографирале и девериците и пријателите на Џон.
Позитивната страна од оваа приказна е кога фотографиите станале популарни многу луѓе се пријавиле за да ги посвојат слатките животни и сега најголем дел од нив веќе имаат топол дом.