Нането, познато уште како мента е вид на цветно растение кое расте во услови на континентална клима. Во наши услови е распространето по високите планински предели и ливади. Во исто време нането е една од традиционалните лековити билки и намирник кој буквално е присутен во секое домаќинство.

Ова се неговите лековити својства:

  • Помага при настинки, грип, течење на носот;
  • Ја намалува киселоста на желудникот;
  • Ја ублажува болката во пределот на репродуктивните органи кај жените;
  • Го подобрува метаболизмот;
  • Го јакне имунитетот;
  • Го нормализира гастроинтестиналниот тракт – ублажува грчеви и ги елиминира инфекциите;
  • Ја отстранува болката предизвикана од мигрена и болката во мускулите;
  • Има смирувачки ефект и помага да се нормализира функционирањето на нервниот систем;
  • Третира надворешни кожни болести: чешање, иритации и воспаленија;
  • Ја нормализира активноста на кардиоваскуларниот систем;

 

Нането најчесто се конзумира во вид на напиток, ладен или топол.  Свежите или суви листови нане се потопуваат во вода и се оставаат некој период да ги испуштат потребните лековити својства, по што ја променуваат бојата на водата. Кон пијалокот се додава заблажувач или лимонов сок, во зависност од вкусот кој го претпочитате. Природниот вкус на нането е благ и освежувачки.

 

Познато е исто така дека лекува грчеви, алергии, несоница, повраќање, несоница, иритации на очите. Наоѓа примена во прилог на зголемување на апетитот.

Освен во улога на чај, нането може да се користи во облик на апчиња, тинктури, етерични масла, бонбони за ублажување на болки во грлото.

Нането е природен аналгетик, седатив, антисептик и холереретик и антибактериско средство.