„Нанесов и почекав 15 минути. Кожата ми стана кадифено мека, а сите несовршености на лицето исчезнаа“
За многумина, јагодите претставуваат идеален избор за овошна ужина, но многу малку од нас всушност знаат дека ова чудесно овошје може да се употреби и за козметички цели.
Јагоди за природна нега на кожата
Јагодите содржат неверојатни состојки, кои се многу корисни за нашата кожа. Меѓу најважните елементи спаѓаат витамините А, К и Ц, фолната киселина, магнезиум, фосфор, калциум и калиум. Исто така, ова овошје е богато со аминокиселини, особено флавоноиди и салицилна киселина, кои сите заедно ја прават кожата беспрекорна и помагаат во ефикасно отстранување на акните, белезите и црнките.
Домашна навлажнувачка маска за лице со јагоди за совршено лице
Потребни состојки
- 3 големи јагоди
- 1 супена лажица кисело млеко
- 1 кафена лажица мед
Начин на подготовка
Поставете ги јагодите во блендер, а потоа додадете ги и киселото млеко и медот и мешајте до добивање на една добро соединета смеса.
Начин на употреба
Добиената смеса нанесете ја на вашето лице и оставете ја да дејствува 15 минути. Откако ќе помине потребното време, исплакнете со ладна вода. Домашната маска може да ја нанесувате секојдневно.
Што се однесува до остатокот од смесата, истиот може да го складирате во добро затворен сад и да ја складирате во ладилникот, на 1 недела.