Нанесување притисок на овие точки од телото може да не ослободи од некои од најлошите стресови во животот
Акупунктурата и другите терапии со масажа се популарен начин за намалување на стресот, но очигледно постојат неколку прилично едноставни начини на кои можеме да ги релаксираме нашите тела.
Изабела Авила на ТикТок сподели точки на притисок за кои вели дека може да се користат за да помогнат со физичка болка или стрес во нашите животи. Иако можеби очекувавте овие точки да се најдат во рацете или нозете, таа вели дека многу од овие точки се наоѓаат во нашите уши.
Авила објаснува дека нашите уши имаат различни „мускулно-скелетни точки“ поврзани со различни делови од телото. Користејќи го тапиот крај од молив, или друг мал и заоблен предмет за да се изврши притисок врз овие точки, наводно можете да олесните цела низа физички проблеми.
@onlyjayusEar Hacks 🦻👂👂🏻👂🏼👂🏽👂🏾👂🏿#fyp #ear #ears #pressurepoint #bodyhacks #earhacks #lifehacks #medical #health #body #science #onlyjayus
Во своето видео, Авила продолжува да демонстрира специфични точки кои помагаат при различни проблеми, вклучувајќи болка за време на циклус, вртоглавица, вознемиреност и други. Според традиционалната медицина има десетици различни точки на притисок кои се наоѓааат во нашите уши, за кои се тврди дека се поврзани со сè, од кожни заболувања до функцијата на црниот дроб.
Вреди да се каже дека Авила не е медицински професионалец и овие точки на притисок се во голема мера засновани на практики на алтернативна медицина, наместо на научни или медицински докази.