Еден поет некогаш рекол дека најголемата катастрофа е истовремено да си стар, болен и сиромашен, а воедно и сам.

Следната вистинска случка која се случила во соседна Бугарија, открива дека тажните приказни се меѓу нас, не само на филмското платно и дека реалноста знае да биде многу посурова отколку што замислуваме:

„Еден викенд имав отидено во Звоник, кој се наоѓа во областа во која служам и во која одамна не сум бил. Во селото ме сретна една жена, која изгледаше ужасно: Полуслепа, стара, целосно изнемоштена, нејзината цела кожа беше надразнета од трње. Ми се приближи сосема близу со несигурни чекори, потпирајќи се на нејзиниот крив бастун, ме погледна долго, без да каже ниту збор, а потоа рече дека не може да поверува дека навистина ме гледа и одеднаш ме праша: „Ти добар ли си човек?“

Откако објаснив кој сум, ми рече: „Во Бога те преколнувам, напиши едно писмо дека сум починала!“ Не разбирав што ми зборува, мислев дека погрешно се имаше изразено, дека всушност сакала да каже нешто друго, па ја прашав:

„Сакаш да напишам дека си болна?“, а таа одговори: „Не бе, сине! Напиши дека сум починала, те молам од сè срце“

„Бабо, јас само можам да напишам дека си болна, немам право друго да напишам“- одговорив јас.

„Те замолувам, напиши дека сум починала и прати го син ми да дојде, да го видам уште еднаш пред навистина да починам“- повтори таа.

Разбрав дека патувала пеш 4 километри, минувајќи низ трње, полуслепа и стасала до малото село, за да побара помош некој да напише писмо до нејзиниот син. Дури нејзиното лице и раце крвареа. Ја разбирав многу повеќе, но не можев да помогнам.

„Бабо, ќе напишам дека си тешко болна, пред умирање, ќе го испратиш писмото на твојот син и тој со сигурност ќе дојде“- реков јас, но старата жена не се откажуваше, велејќи дека ништо нема да помогне и безброј пати ме замоли да напишам дека починала. Јас објаснив дека не можам на тој начин да помогнам.

Си замина, плачеше, ама без глас, дури не сум сигурен дека се вратила дома.

Долго време не сум бил на тие места, но ништо потажно немам преживеано. Сум бил на многу погреби. Не може да се опише тагата на беспомошната, стара и слепа мајка.

И сите села се такви на овие простори. Нема да слушнете лаење како порано, бидејќи никој не чува кучиња од едноставна причина бидејќи нема со што да ги нахранат или во селата веќе нема толку луѓе.

Иако никој не се грижи, тоа е вистинската реалност во која живееме.“