Напиток од ловоров лист за брзо симнување на неколку вишок килограми- Совршено лесно решение пред празниците
Порано или подоцна, секој од нас барем еднаш се нашол во борба против здодевните вишок килограми, која може да трае со месец, па дури и години.
Но, слабеењето за неколку дена е возможно, и без притоа да гладувате. Тајната се должи во стимулирање и забрзување на метаболизамот, а еве како тоа да го постигнете на најлесен можен начин и да ги изгубите неколкуте вишок килограми, без многу труд, што ќе биде особено корисно пред празничниот период.
Домашен напиток од ловоров лист за брзо слабеење
Потребни состојки
- 800 мл вода
- 1 стапче цимет
- 3 супени лажици зелен чај
- 1-2 ловорови листови
Начин на подготовка
Сварете ја водата и во истата, додадете ги сите останати состојки. Оставете ја смесата да се вари 15 минути и покријте го садот со капак. На крај, прецедете го готовиот чај.
Начин на употреба
Консумирајте го напитокот 3 пати дневно: Наутро на празен стомак, пред ручек и пред спиење. Домашниот третман трае 1 недела и по неговото завршување потребно е да направите пауза од неколку месец, до следното негово повторување.