Невенот како едногодишна билка, содржи биолошки активни супстанци кои наоѓаат примена во повеќе индустрии, од фармацевтската до прехрамбената индустрија.  Во фармацевтската индустрија се користи како аромат и природен извор на боја.  Кога станува збор за козметичките препарати,  постојат повеќе од 50 соединенија кои со своето поединечно и заедничко делување се вклучени во изработката на сапуни, флавоноиди и полисахариди.

 

Процесот на преработка на ова растение е долг и сложен, притоа во мал процент е содржан во готовите продукти. Оттаму луѓето нашле практична примена на невенот за изработка на домашна крема,  каде е земен во предвид како основна супстанца. Во продолжение ви претставуваме домашен рецепт, кој ни го испрати Весна Антонијевиќ од Скопје:

Потребни состојки:

  • 40 цветови од невен

  • 250 гр.  вазелин или свинска маст

Листовите од невен се вадат од нивното стебло, се сечат на ситни парчиња и се додаваат во загреан сад на оган, се додава вазелинот и се оставаат да зовријат се додека на површината не забележите пена со жолтеникава боја.  Смесата се остава 24 часа да одстои,  утредента повторно се става на оган за да се затопли.  Се вади од оган, се процедува и се остава да се олади.  Оладената смеса може да се конзумира веднаш.

Добиената крема има цврста структура и може да се користи на сите делови од телото, препорачливо е да се чува во затворен пластичен сад. Таа помага за регенерација и освежување на кожата, при несакани иритации, црвенила и осипи, како и пукнатини предизвикани од дехидратација на кожата.

Искуствата на неколку пријателки, г-ѓа Весна ги споделува со нас:

„Една пријателка имаше проблем со сува кожа во пределот на образите,  започна да ја користи кремата од невен и оттогаш не користи ниедна друга крема. ”

„Мојата ќерка имаше проблем со редовно пукање на усните, почнавме да купуваме секакви препарати за нега на усни, лабела и гроздова маст, но ниедно не помогна како кремата од невен. Сега таа ја користи секое утро. ”

„Друга пријателка се пожали дека нејзината ќеркичка имала црвенила на дланките, таа исто почна да ја користи и црвенилото се повлече.”

Кремата од невен започнале да ја користат секојдневно, наместо универзални креми за кожа и лице.  Единствено што таа препорачува е да се внимава колку крема се нанесува кога станува збор за пределот на лицето, со оглед дека кремата по својата структура е масна, треба да се внимава за да не дојде до несакани ефекти и создавање на масна кожа.