Направете сами: Најдобрата хидратантна крема за лице од само 3 состојки!
Оваа домашна навлажнувачка крема за лице прави вистинско чудо за лицето, а се состои од само три состојки! Научете во продолжение како сами може да ја приготвите и тоа уште денес!
Овој рецепт за подготовка на природна навлажнувачка крема за лице секојдневно ќе ве воодушевува со нејзиниот прекрасен природен мирис, а во исто време значително ќе ја навлажнува кожата и ефикасно ќе го одржува целокупното нејзино здравје.
Најдобрата природна крема за нега на лице
Потребни состојки
- Половина чаша квалитетно масло од кокос
- 1 кафена лажица течен витамин Е (штити од стареење и е природен конзерванс)
- 5 – 7 капки есенцијално масло од лаванда (или некое друго масло по ваш избор)
Начин на подготовка
Едноставно додадете течно масло од кокос, витамин Е и масло од лаванда во еден заеднички сад, а потоа добро измешајте ги состојките. Добиената смеса додадете ја во тегла. Неопходно е кремата да се чува подалеку од топлина и светлина, па затоа најдобро е да ја складирате во ладилникот.
Начин на употреба
Користете ја извонредната навлажнувачка крема за лице наутро и навечер. Доволно е мала количина, а ефектот од истата ќе трае долго. Ако имате мрсна кожа, кокосовото масло истата ќе ја направи совршено хидратирана, без никакво непријатна неудобност.
Витаминот Е помага во закрепнување од разни оштетувања и од самото стареење на кожата, штити и помага при изгореници, исекотини и лузни.