Направете си своја Прада кошула, по ваша мерка!
За која и категорија да станува збор, висината на луксузот изнесува поседување и пробување работи кои не му се достапни на никој друг. Затоа нема човек што не би посакал нешто по негова мерка, скроено само за него!
Во таа луксузна филозофија совршено се вклопува новата алатка на енергичната и светска модна куќа, која воведе опција наречена „Направена по мерка“, за клиентите сами да си го дизајнираат моделот на кошулите „Double Match“.
Зошто да купувате кошула која секој ја има, кога веќе имате можност да комбинирате различни дезени од виртуелната архива на Прада брендот. Обична верзија од овој модел на кошула ќе ве чини 990 евра, додека пак за малку повеќе од таа сума, ќе ја добиете кошулата по ваша мерка, дизајнирана лично од вас.
Кога ќе ги одберете посакуваните графици, Прада вашиот дизајн ќе го претвори во вистинска кошула, по „скромна“ цена од 1200 евра.