Направете целосна детоксикација на телото со овие природни рецепти
Детоксикацијата на телото се практикува во текот на многу векови. Нашето тело има свој внатрешен систем за детоксикација. Црниот дроб, бубрезите и дебелото црево се трите клучни органи на телото. Детоксикацијата се базира на консумирањето на одредени видови на храна кои ќе им помогнат на трите важни органи да функционираат правилно.
Киноа напиток
Состојки потребни:
- Половина чаша киноа
- 1 чаша вода
- 1 лажиче морско оревче
- 1 лажичка рендан ѓумбир
- 1 лажица ленено масло
- 1/3 чаша сецкани сливи
- 1/4 чаши оризово млеко
Во мал сад, истурете ја чашата со вода и додадете половина чаша киноа, малку морско оревче и 1 лажичка рендан ѓумбир. Измешајте ја смесата и загрејте ја. Потоа намалете го огнот, покријте и загревајте 10 минути. Додаде сливи и оризово млеко. Потоа покријте повторно и варете уште 5 минути. Пред да консумирате, додадете и промешајте една лажица ленено масло.
Детокс пијалок со ананас, лимон и калинка
Не ви е потребен соковник за да го направите овој сок.
Потребни состојки:
- 3/4 чаша незасладен сок од ананас
- 1 лимон
- 1 чаша незасладен сок од калинка
- 3 чаши вода
Измешајте ги сите состојки во чаша и уживајте. Ќе добиете 4 порции, кои можете да консумирате во текот на целиот ден.
Детокс пијалок
Коктелот е погоден за чистење на бубрезите. Ќе ви треба соковник.
Потребни состојки:
- Половина чаша ананас
- 2 големи краставици
- Една китка брокула. Отстранете ги стеблата
- Половина исцеден лимон
- 0,5 см ѓумбир
- Половина чаша нане
Измешајте ги сите состојки во блендер или соковник.