Нарачала фустан од Интернет, а кога го облекла, пријателките ја споредиле со лижавче
20-годишната Морган Кејн, од Шкотска, си порачала фустан по повод нејзината роденденска забава.
Таа порачала неонски зелен фустан по цена од 28 евра, од сајтот „ Pretty Little Thing“ (анг. „ Мала слатка работа“).
Морган се надевала дека фустанот ќе стаса токму навреме да може да го носи по повод нејзиниот 21 роденден.
Фустанот пристигнал навреме, но не како што замислувала славеничката.
Тој навистина бил во неонска зелена боја, но во однос на дизајнот и материјалот, фустанот воопшто не наликувал на оној што го порачала од каталогот.
„Бев премногу разочарана кога го облеков. Мислев дека е шега.“- вели Морган, која притоа изјавила дека пријателките кога ја виделе, се пошегувале на нејзина сметка дека изгледа како лижавче.
Еве како изгледал фустанот што го нарачала, а како изгледал тој што го добила:
А еве што добила Морган:
На крај Меган сепак се одлучила за друг фустан за нејзиниот роденден