Народен лек од дуњи и кашлицата веднаш бега далеку – Домашен рецепт кој најбрзо се справува со непријатното кашлање
Кашлицата е еден од најнепријатните симптоми, кога станува збор за респираторните заболувања. Дури и кога сосема заздравиме, таа најпоследна исчезнува од сите симптоми.
За среќа, народната медицина познава бројни испитани средства против кашлица, кои може да ги употребите дури уште на самиот почеток кога ќе ја почувствувате настинката.
Сепак, доколку кашлицата продолжи да трае повеќе денови, тогаш консулитрајте се со вашиот лекар.
Во продолжение ви го претставуваме најефикасниот домашен лек кој брзо се справува со непријатната кашлица.
Домашен лек со дуњи против кашлица
Неопходни ќе ви бидат 2-3 дуњи со средна големина. Истите исечете ги на покрупни парчиња, но без да ги лупите. Кон дуњите додадете две глави кромид заедно со лушпите, десетина ореви, исто така заедно со нивните лушпи.
Сите состојките се полеваат со 2 литри вода и се оставаат да вријат, додека смесата не испари на половина. По вкус се додава шеќер и се пие по 1 кафена шолја 3 пати дневно.