Наша читателка ја споделува нејзината домашна маска, со која го спречи косопадот и косата ѝ стана двојно погуста
Секоја дама мечтае за густа и здрава коса. Хемиските и термички процеси резултираат со значителни штети, при кои косата станува кршлива и склона кон опаѓање.
Бројните купечки производи понекогаш немаат ефект, а пронаоѓањето на идеалниот шампон може да биде невозможна мисија, но и да нè чини скапо.
За таа цел, денес ви споделуваме совршена алтернатива- домашно приготвена медена маска, која ефикасно ја прочистува косата и чудесно ја зајакнува. При нејзина редовна употреба, косата добива сила, волумен и сјај, а воедно се подобрува и забрзува и нејзиното растење.
Домашна медена маска за коса
Потребни состојки
- 1 жолчка
- 1 кафена лажица течен мед
- Половина супена лажица сенф во прав
- 1 супена лажица чичково масло
Количеството на состојките може и да се зголеми, во зависност од должината на косата.
Начин на подготовка
Измешајте ја жолчката и додадете го медот и сенфот и добро измешајте ги состојките заедно, а потоа додадете го и чичковото масло и повторно измешајте ги состојките.
Доколку смесата е премногу густа, може да додадете малку вода.
Добиената маска се распределува по целата должина на сувата коса и се остава да отстои 15 минути, а потоа е потребно косата да ја измиете со топла вода. Температурата на водата е многу важна, бидејќи врелата вода може дополнително да ја оштети косата.
Иако многумина стравуваат од мирисот на жолчката, истиот набрзо исчезнува, по темелно миење на косата.
Потребно е определен период на време за да ги видите резултатите и редовно да го практикувате нанесувањето на маската, но по само неколку месеци, косата ќе го врати својот сјај и ќе се ослободите од проблемот со косопадот.
Зошто оваа маска е ефикасна?
- Сенф: Го стимулира протокот на крвта кон влакната, ги потхранува нивните фоликули, кои допринесуваат за растот на косата и ефикасно го елиминира првутот.
- Мед: Ја прави косата погуста, ја зајакнува и потхранува, го смирува скалпот и дава убав сјај.
- Жолчка: Ја закрепнува и обновува косата, ја зголемува нејзината еластичност, го спречува косопадот, го активира растот и благопријатно делува врз состојбата на скалпот.
- Чичково масло: Ја заканува косата, го запира косопадот и ја спречува појавата на првут.