Наша читателка прашува што ќе ѝ се случи, доколку консумира по 1 лажица јаболков оцет дневно, како што ѝ е препорачано за слабеење
Според научните истражувања, консумирањето на 1 лажица јаболков оцет дневно не може значително да ја намали телесната тежина, како што и не може целосно да го прочисти организамот од токсини.
Но, покрај тоа оцетот како хранлива состојка содржи редица биолошки својства, кои може да влијаат позитивно врз нашиот организам, во одредени ситуации:
1. Употребата на оцетот како додаток во исхраната може да ја намали апсорпцијата на јаглехидрати. Оцетната киселина ги неутрализира ферментите, кои учествуваат во распаѓањето на јаглехидратите, при што истите се апсорбираат побавна. А тоа е особено важно за луѓето кои страдаат од дијабетес.
2. Оцетот ја ублажува дигестијата на протеинските производи, при што го зголемува внесот на калциум од исхраната. Покрај тоа, ако наместо со павлака или мајонез, вашата салата ја зачините со оцет, ќе ја намалите нејзината калориска вредност.
Сепак, не претерувајте со консумацијата на оцет, бидејќи во спротивно може да е соочите со негативните последици како:
1. Оцетот може да ја наруши дигестијата: Консумирањето на 1-2 лажици оцет наеднаш, може да доведе до тоа храната да остане подолго време во стомакот. Тоа може да предизвика стомачни болки, главоболка, па дури и повраќање.
2. Прекумерената консумација на оцет го нарушува составот на глеѓта на забите.
3. Оцетот може да ги „изгори“ лигавиците во дигестивниот тракт, како и да доведе до нивно хронично воспалување.
4. Консумацијата на оцетот може негативно да влијае врз ефектот на одредени лекарски производи, особено на лековите наменети против висок крвен притисок и лековите наменети за луѓето кои страдаат од дијабетес.