Научниците одговорија на прашањето: Зошто жените мислат дека се дебели кога не се?
Дури и најслабите жени, понекогаш, кога ќе застанат пред огледалото, се случува да си кажат: „Овој фустан ме прави дебела!“.
По неколку спроведени истражувања, универзитетски професори во Лондон откриле дека сликата на телото која е проектирана во мозокот на жените кога се гледа во огледалото е „целосно искривена“ и е 2/3 поширока од вистинската. Истото важи и за мажите, но не толку, бидејќи дамите се значително почувствителни на обликот на некои делови од нивното тело.
„ Некои луѓе се погледнуваат во огледало, го гледаат своето тело и си велат дека не се дебели. Сè е поврзано со мозокот и психата. Тоа е вистинскиот начин на размислување.“, изјавил еден од научниците. Истражувачите дошле до резултатите со помош на тестови и експерименти врз голем број на испитаници и волонтери. На овој начин тие создале „карта“ на мозочната замисла за човечкото тело, која подоцна ја споредиле со реалните димензии и форми на телото.
По завршувањето на истражувањето, научниците утврдиле дека растојанието помеѓу показалецот и палецот на раката според мозокот е 69% поголемо од вистинската оддалеченост меѓу овие два прста.