Научниците откриваат 8 докажани особини кои физички ги привлекуваат мажите
Речиси секој сака да го знае одговорот на прашањето: „Како да бидеме попривлечни за спротивниот пол?“ Научниците тврдат дека конечно се подготвени да ја откријат вистината. Откритијата можат да ги изненадат луѓето кои мислат дека мажите ги гледаат само жените со убави лица и тенки фигури.
1. Фигура
Истражувањата ја открија идеалната пропорција за женското тело и една жена се смета за попривлечна доколку има сооднос помеѓу половината и колкот 7:10. Мажите ги гледаат овие жени како плодни.
2. Насмевка
Насмевката е многу важна за мажите, но исто така и забите. Ова не мора да значи дека треба да имате холивудска насмевка, но хигиената и редовната посета на забар можат многу да помогнат.
3. Симетрија на лицето
Нашиот мозок побрзо процесира симетрични лица, затоа иако не може лицето да е 100% симетрично, мажите ги одбираат жените со поголема симетрија на лицето.
4. Усни
Иако мислевте дека мажите сакаат големи полни усни, истражувањата покаа дека мажите најмногу ги привлекуваат усни со средна големина.
5. Очи
Мажите сакаат да гледаат во големи очи со причина. Кога една личност се заљубува во друга зениците се прошируваат и очите изгледаат поголеми, затоа луѓето со големи очи изгледаат посреќно.
6. Веѓи
Веѓите се рамка на очите и за да ги истакнете треба да обрнете внимание на овој дел од лицето.
7. Држење
Исправете се дами! Вашето држење може да каже многу за вашиот карактер. Луѓето со лошо држење често се категоризираат како срамежливи и недружељубиви, а луѓето со исправено држење се сметаат за самоуверени и привлечни.
8. Боја
Кажете ДА на црвената боја! Мажите ги привлекува црвената боја и тоа е општо познато. Секогаш кога ќе сакате да оставите силен впечаток, носете црвено.