Научниците вчера потврдија: Нов вид на лек го продолжува животот на жените кои боледуваат од рак на дојката
Експертите вчера открија дека нов „магичен“ лек им овозможува на жените кои се на праг од смртта од најчестиот облик на рак на дојката, да живеат подолго од претпоставената дијагноза.
Резултатите од големото научно откритие, според експертите ќе, ќе ја смени животната перспектива на многу жени.
По дијагностицирањето на напредната форма на рак на дојка, при што болеста знае брзо да се прошири и врз останатите болести, на пациентките им се дава, односно предвидуваат уште 2 до 3 години живот.
За да се утврди ефикасност на лекот, беше започнат експеримент пред една декада , а денес жив доказ за неговото својство се жените на кои пред 7 години им било утврдено рак на дојката во агресивна форма и истите биле подложени на третман токму со овој лек, наречен рибоциклиб.
Вчера вечерта, гостувајќи во научна емисија, професорката Сара Харвитц од сеопфатниот истражувачки Центар за рак во Калифорнија изјави „Можат на прсти да избројам лекови со ваков ефект. Но, резултатите од рибоциклиб се нешто невидено. Толква предност во продолжувањето на животниот век е нешто неверојатно“.
Во емисијата заедно со Сара, гостуваше и професорот Габриел Хортобаги, од Универзитетот во Тексас.
„Ако се навратиме 30 години порано, на жените кои боледувале од рак најмногу им се давало 2 до 3 години живот. А сега имаме пациентки кои 7 години се на третманот со рибоциклиб и функционираат супер. А нивниот животен век може да биде продолжен за 10-15 години. Резултатите се едноставно чудесни“- вели тој.
Една меѓу пациентките е и 53-годишната Бернадет Бруер, од Калифорнија.
„Јас сум мајка на 2 деца, а третманот го користам веќе 4 години. Чувството е неверојатно. Се надевам дека лекот ќе им помогне и на останатите жени“- додава Бернадет.