Научници го истражија третиот најдлабок океански ров на Земјата, она што го пронајдоа таму ќе ве рaзочара
Д-р Део Флоренс Онда отпатува во „Емден Дип“, дел од филипинскиот ров, кој од пред само неколку месеци беше неистражен од ниту едно човечко суштество.
Д-р Онда од Институтот за морска наука на Универзитетот во Филипини, се спушти во ровот уште во Март, заедно со Виктор Весково, американски истражувач од подморската технолошка компанија Каладан Океаник.
Д-р Онда изјави:
„Првиот опис на филипинскиот ров беше во 1950-тите, а потоа подеталниот беше во 1970-тите. Тогаш технологијата сè уште не беше толку добра. Ова беше можност за нас да видиме што се случува таму долу“.
Двојката го истражувала ровот во текот на 12-часовен период и биле многу изненадени од она што го откриле.
Д-р Онда откри:
„Имаше една смешна тажна кога ја истражувавме областа. Имаше нешто бело што лебдеше наоколу. Јас реков: „Виктор, тоа е медуза.“ Се приближивме за да видиме подобро, но испадна дека тоа е само пластична ќеса“.
„Единствената необична работа беше ѓубрето. Во ровот имаше многу ѓубре. Имаше многу пластика, пар панталони, кошула, играчки, амбалажи и многу најлонски кеси“.
Тој продолжи:
„Да се биде првиот човек кој ги истражил тие длабочини е привилегија, но да се биде директен сведок на тежината на проблемот со пластика е нешто сосема друго“.