Научниците тврдат: Фотографиите на НАСА докажуваат дека има живот на Марс
Фотографиите покажуваат нешто што наликува на габа на Црвената планета, а тоа докажува дека Марс може да биде дом на некои форми на живот.
Теоријата доаѓа од микробиологот д-р Ксинли Веи од Кинеската академија на науки, астрофизичарот д-р Рудолф Шилд од Харвард-Смитсонијан и д-р Раун Габриел Џозеф, по проучувањето на сликите од роверот Кјуриосити на НАСА.
Опишувајќи го изгледот на габите како „надувани топки“, научниците во својата студија напишаа:
„Габите може да преживеат во средина со интензивно зрачење. Секвенцијалните фотографии документираат примероци, налик на габи, кои излегуваат од почвата во форма на надувани топчиња (Basidiomycota)“.
Овие габи се менуваат и растат како што поминуваат сезоните на Марс и се верува дека ќе пораснат неверојатни 300 метри на пролет, но ќе исчезнат до зима.
Научниците веруваат дека ова „може да е масивна колонја на црни габи, мувла, лишаи, алги и други видови кои редуцираат сулфур“.
Компаративната статистичка анализа откри дека девет „сферични примероци“, за кои се верува дека се т.н. надувани топчиња, се појавиле под земјата. Исто така, откриено е дека со текот на времето се приближиле едно кон друго.
Во врска со тоа како ова докажува дека може да има живот на Марс, триото објасни:
„Иако сличностите во морфологијата не се доказ за животот, растот, движењето, промените во формата и локацијата ја поддржуваат хипотезата дека има живот на Марс“.