Добро познат факт е дека пријателите се важни за нашата среќа. Но неодамнешното истражување сугерира дека немањето на пријатели не е нешто за што треба да се грижиме затоа што поминувањето време сами ни носи повеќе придобивки отколку што мислиме.

Времето што го поминувате сами може да ја зголеми вашата креативност.

Постојаната интеракција со некого може да ви ги одвлече мислите и да ги попречи вашите обиди да создадете нешто ново и интересно. Од друга страна, време кое го поминувате сами дозволува вашата креативност да цвета и ја зголемува вашата имагинација. Тоа ви помага да станете свесни за вашите мисли.

Тоа ви помага да ги гледате работите поинаку.

 

Кога поминувате време со некој може да забележите како вие станувате слични со таа личност, иако ова е сосема нормална појава со чија помош градиме посилна врска со другиот, понекогаш може да ни наштети. Често знаеме да ги прифатиме работите што не ни се допаѓаат само затоа што се чуствуваме притиснати од нашите пријатели. Поминувањето на време сами со себе ни помага да ги согледаме овие работи и да изградиме цврст став и наша гледна точка.

Принудно пријателство воопшто нема да ви користи.

Чувството на притисок да се дружите со луѓе со кои немате многу заеднички нешта и кои не се грижат за вашите потреби и интереси, може да ве вознемири. Присилното дружење значи дека ќе изгубите драгоцено време кое може да го поминете сами со себе, а тоа може да направи да се чуствувате лошо на крајот на денот.

Да имате добро развиено чувство за себе ќе ви помогне да направите подобар избор во животот.

Ако не одвоите време за сами себе, можеби ќе се најдете во ситуација каде што не знаете што сакате од животот бидејќи никогаш самостојно не сте размислиле за тоа. Секогаш околу вас имало некој кој ви давал сугестии за тоа што треба да правите, па сега се чуствувате изгубено. Затоа научете да бидете сами со себе и да се слушате себеси.