„Не е старо сѐ додека не се продаде!“ Кои јадења никогаш не треба да ги нарачувате во ресторани за брза храна (откриваат вработените)
Сите знаеме дека храната која најчесто ни е најзгодно да ја јадеме не секогаш е и најздравиот избор, но сега вработени во индустријата за брза храна споделуваат тајни кои ќе ве згрозат. Од превриено пилешко, до стар, подгреан помфрит, овие нивни сведоштва од кои ќе ви се преврти во стомакот ќе направат да размислите двапати кога следниот пат ќе помислите да си нарачате нешто од блиската сендвичарница.
На сајтот Редит било поставено прашањето: „Работници во рестораните за брза храна – што е тоа што никогаш не треба да го нарачаме од вас?“ и добил 16 000 одговори во текот на следните 24 часа.
Така во некои ресторани пилешкото се загрева во микропечка, во Старбакс се загрева замрзната храна. „Неверојатно е колку малку луѓето се свесни за тоа“, вели работникот. „Не значи дека нема добар вкус, но секако не е свежа храна и е неверојатно прескапа за својот квалитет.“
Верн Асимов советува по секоја цена да се избегнува сѐ што има јајца во него, додека друг вели: „Првото нешто кое ми паѓа на памет е дека секое пилешко месо кое не се сервира со коска е старо најмалку еден ден, и најчесто се работи за преостаната храна.“
Во рестораните во кои свинското не се продава често, и тоа е старо. Бидејќи не се нарачува често, не е свеж и производот кој го јадете може да е стар неколку денови, или дури неколку недели, вели друг. Тоа не значи дека ќе се разболите, но дефинитивно нема да е свежо како другите нешта на менито.
Што се однесува до помфритот, општо познато е дека помфритот не е стар сѐ додека не се продаде целиот.
Ако ова е вака во САД, како ли е кај нас?