Не ги игнорирајте вакцините и уште 4 едноставни правила од педијатрите за одгледување на здраво дете
Родителите имаат голема одговорност кон своите деца, а со тоа чувствуваат и поголем притисок. Но, не се само непроспиените ноќи, туку и постојаните мисли дали е се во ред со здравјето на нивното дете. Во продолжение следуваат 5 универзални факти за кои педијатрите велат дека секој родител треба да ги знае.
1. Не земајте лекарства на своја рака
Дури иако детето на соседите ги имало истите симптоми и одредени апчиња му помогнале или ако вашата мајка или свекрва “знаат најдобро” што му треба на вашето дете, правило број еден е дека не смеете да земата лекови без препорака од вашиот лекар. Малку луѓе знаат, но и едни обични капки за нос, употребени во погрешно време и за погрешна намена, можат да направат повеќе штета отколку добрина.
2. Зајакнете го имунитетот на вашето дете
За вашето дете да расте на здрав начин и да биде способно да се бори против болестите и вирусите, неговиот имунолошки систем треба да биде зајакнат. За ова, педијатрите препорачуваат новороденчето да се дои минимум 6 месеци. Истовремено, не ја занемарувајте физичката активност и секојдневните прошетки надвор. Сонот и температурата во просториите се работи на кои мора да обратите внимание во рамките на домот.
3. Бидете трпеливи
Некои проблеми со здравјето на децата, кои ги имале на почетокот, како нетолеранцијата кон некоја храна, можат да исчезнат сами од себе, кога детето ќе порасне.
4. Не ги игнорирајте вакцините
Во последно време, движењето против вакцините ги збуни повеќето возрасни, како и децата. Пред неколку децении, детската парализа, тетанусот и дифтеријата резултирале со многу детски жртви. Воедно, не постои еден квалификуван доктор кој на својот пациент би му препорачал да не се вакцинира и нема родител кој е доволно образован за вакцините, кој ќе дозволи неговото дете да биде во опасност да се разболи.
5. Запомнете ги симптомите
Понеогаш, колку еден родител добро да се грижи за своето дете, тоа сепак може да се разболи. Тоа е сосема нормално, бидејќи во тој процес, имунитетот сеуште се развива. Но, секој родител треба да биде свесен за симптомите на најпознатите болести, за кои итно би бил потребен лекарски преглед:
- Пневмонија: Потешкотии при дишењето, промена на бојата на кожата, намален апетит, анксиозност, температура (која може да се јави подоцна)
- Ротавирусна инфекција: намален апетит, измореност, анксиозност, температура, повраќање, дијареа, кашлање
- Бронхитис: температура, потешкотии при дишењето, кашлање, немање сила, намален апетит, главоболка, потење, промена на бојата на кожата
Бонус: Говорот на телото на вашето дете
Според експертите, важно е родителите да обратат внимание на говорот на телото на нивното дете. Иако бебињата не зборуваат, сепак тие пронаоѓаат други начини на комуницирање. Така на пример, доколку тие се гладни, вообичаено се многу вознемирени, со што ја свиткуваат нивната дланка како тупаница. И обратно, доколку се заситени, ја отвораат дланката, бидејќи се најадени и релаксирани.