Болките во зглобовите знаат да бидат навистина неподносливи и непријатни, но благодарение на следниот домашен лек, може значително да го намалите нивното воспаление.

Домашен лек против болки во зглобовите

Овој лек може да се употребува и внатрешно и надворешно, а се приготвува многу лесно, при што потребна ви е само 1 состојка.

Потребни состојки

  • 1 модар патлиџан
  • 1 литар вода

Начин на подготовка

Добро измијте го модриот патлиџан и исечете го на кругови. Следно, поставете го во сад со врела вода. Оставете го да отстои во истата, додека водата да се излади, а потоа прецедете.

Одделете 750 мл од течноста и складирајте ја во стаклена тегла, во ладилникот. Преостанатите 250 мл се користат за надворешна употреба во вид на облоги, но за оваа цел, кон течноста е неопходно да додадете и 50 мл зејтин, добро да ги измешате состојките и да ја складирате смесата исто така во ладилникот.

Начин на употреба

250 мл од течноста се пие наутро на гладно, 250 мл пред ручек и 250 мл пред вечера.

Пред спиење, потопете памучна крпа во течноста со зејтин, поставете ја врз засегнатата област и прицврстете со најлонско ќесе.

Домашниот третман трае 3 недели, а текот на овој период вие буквално ќе се препородите.