На светот му се потребни повеќе вакви херои!

„Не плачи мамо, ќе го спасам своето братче“– рекол 7-годишниот Хајдер Перача на својата мајка, Марија Узер, откако ја видел дека плаче над нејзиниот најмал син, Хамза.

На Хамза му била дијагностицирана хемофагоцитна лимфохистиоцитоза (ХЛХ)- невообичаено хематолошко нарушување кое најчесто се појавува кај децата, отколку кај возрасните.

Оваа болест, која е опасна по живот, на Хамза му била откриена кога неговите родители го однеле во болница бидејќи имал висока температура. Тогаш лекарите откриле дека не станува збор за вообичаните симптоми.

Хамза имал само 1 месец, а веќе неговите леукоцити, кои нормално ги напаѓаат вирусите и бактериите, започнале да ги напаѓаат здравите крвни клетки. Ова предизвикало неговите органи, како црниот дроб, да се зголемат.

„Никогаш претходно немавме слушнато за ХЛХ. Само се молевме да не станува збор за леукемија. Но, кога лекарот ни рече дека не е леукемија, неговиот израз на лицето воопшто не беше среќен. Подоцна разбравме дека болеста што ја има нашиот Хамза е полоша, а шансите за преживување се многу мали.“- изјавил неговиот татко, Узер Перача.

Лекарот во Абу Даби им рекол дека среќа било тоа што болеста била откриена на време. Сега проблемот бил да се најде донатор за коскена срж, бидејќи шансите за пронаоѓање на истиот, во нивните претходни случаеви биле исто така многу мали.

Но, тогаш ситуацијата ја спасил малиот херој, Хајдер Перача! Хајдер бил решителен да го спаси неговото помало братче.

„Бевме премногу загрижени бидејќи тој е навистина мал за да донира коскена срж. Но, лекарите ни рекоа да не се грижиме, бидејќи за време на процедурата ќе извадат само 50 милиметри од сржта, бидејќи толку било потребно.“- изјавила неговата мајка.

Операцијата поминала одлично, а лекарите спасеното братче го нарекле „Бебе од милион долари“, бидејќи медицинскиот третман, лекови и операцијата чинеле повеќе од милион дирхами.

Хамза поминал 6 месеци во болница, а минатата недела бил прославен неговиот прв роденден.