Сувата и испукана кожа на петите се проблем со кој се соочуваат дамите во топлите месеци. Сувата кожа на петите е непријатна за гледање кога нозете се боси во отворени сандали и апостолки. Покрај непријатниот изглед, доколку пукнатините се подлабоки може да предизвикуваат болка, а во потешки случаи и иритација на кожата.

 

Ви претставуваме 2 рецепти кои ќе ви помогнат да направите ефикасен лек кој ќе ја омекне кожата на вашите пети и ќе заздрават пукнатините.

1. Рецепт со сода бикарбона и млеко

Потребно:

  • 3 лажици сода бикарбона
  • 4 чаши млеко

Подготовка:

Истурете го млекото и додадете сода бикарбона. Измешајте ја добро смесата и претурете ја во длабок пластичен сад со големина на вашите стапала. Поставете ги нозете во садот и оставете смесата да делува 10-на минути. Потоа исчистете ги нозете со ладна вода и резултатите се видливи веднаш.

2. Рецепт со лимон, сол, глицерин и розова вода

Потребно:

  • 1 лажица сол
  • 1/2 чаша сок од лимон
  • 2 лажици глицерин
  • 200 мл. Розова вода (можете да набавите од аптека)
  • топла вода

Подготовка:

Земете сад со топла вода и додадете сол, осум до десет капки сок од лимон, една лажица глицерин и една лажичка Розова вода.  Потопете ги нозете за околу 15-20 минути во оваа вода.

За подобар ефект можете да ја направите истата смеса настрана од садот со вода, во вид на кремаста, леплива крема која е добро да се нанесува секоја вечер пред легнување и потоа да се облекуваат памучни чорапи кои ќе ја задржат кремата за петите во текот на ноќта.