Некои луѓе одлично располагаат со финансиите, а некои трошат без размислување и живеат од месец во месец  до следната плата. Астролозите тврдат дека начинот на кој управувате со парите е под влијание на ѕвездите.

А овие хороскопски знаци се знае дека се најмногу трошат:

1. Вага

Вагите уживаат да пазаруваат и често трошат пари на работи што воопшто не им се потребни. Кога сакаат нешто, тие имаат тенденција да трошат повеќе без да размислуваат отколку што смеат и можат, а заради оваа навика тие доаѓаат на работ на банкрот скоро секој месец.

Хороскоп на македонски јазик

ИНСТАЛИРАЈ

2. Стрелец

Стрелците сакаат да излегуваат и да се дружат и секогаш се први кои ќе почестат во друштвото. Но, иако тие трошат пари почесто на другите отколку на самите себе, тие обично го прават тоа без да размислуваат за нивниот буџет, па токму затоа тие често немаат  пари долго пред следната плата.

3. Лав

За разлика од Стрелецот, Лавот обично троши пари исклучиво на себе и обожаваат да се почестат со работи што дури и не можат да си ги дозволат. Спа третмани, дизајнерски парчиња, патувања … Луѓето родени во овој знак воопшто не се грижат за нивниот буџет и уживаат во животот максимално додека седнат да ги средат сметки, кои не можат да ги платат.