„Не знаев што да правам со нив, само заземаа простор и прашина во домот, но тогаш на ум ми дојде оваа генијална идеја!“
Најверојатно и вие барем еднаш сте се запрашале што да правите со старите CD дискови, кои веќе не се произведуваат. За оваа цел, денес ви претставуваме една уникатна идеја што да направите со истите.
Овој креативен пар создаде уникатен декоративен елемент за нивната кујна, користејќи ги старите дискови, при што сега овој простор од домот изгледа неверојатно.
Како повторно да ги искористите старите CD дискови за ентериерот
За да го создадете овој декоративен елемент, потребно е дисковите да ги скршите на мали парчиња. При сечењето со ножици, внимавајте да не го оштетите холографскиот слој кој го дава блескавиот изглед на дисковите.
Во зависност од површината на ѕидовите во вашата кујна, изберете соодветно лепило и залепете ги парчињата. Со малку труд и голема имагинација, вашата кујна за брзо време ќе заблеска!