Недостаток во пилулата за абортус, може да предизвика фатални последици по животот на жената
Најдобар начин за да се заштитите од несакана бременост е да користите соодветни средства за контрацепција. Со оглед дека во денешно време постои голем избор на контрацептивни средства од презервативи, спермициди, дијафрагма, пилули итн. Наспроти тоа, многу жени се одлучуваат да ја прекинат бременоста со абортус. Покрај стандардниот начин, во поново време новитет е употребата на пилула за абортус.
Навидум едноставно решение за прекин на бременоста, со оглед дека се намалуваат можностите за несакани компликации и инфекции. Се користи на тој начин што, се пие пилулата, а во наредните 24 – 48 часа се посетува медицинско лице кое го следи процесот и додава уште еден медикамент, по кој во наредните 3 часа е предизвикан спонтан абортус.
Како најголем недостаток на овој новитет се зема неговата широка примена. Овој медикамент е дозволен во продажба на пошироката јавност, иако неговата примена треба да биде исклучиво во присуство на медицинско лице. Последиците од неговата примена започнуваат со вртоглавица, силни болки во пределот на абдоменот, дијареа, повраќање. Притоа може да настане алергиска реакција, инфекција, згрутчување на крвта во матката и обилно крварење, кои доколку навреме не се третираат можат да бидат фатални по животот на жената.