Недоволната изложеност на сонце може да го зголеми ризикот за дијабетес ПОВЕЌЕ отколку што тоа го прави прекумерната тежина!
Долго време ни се кажува дека главниот причинител на дијабетес е прекумерната тежина и неправилната исхрана. Но, сега научниците открија дека слабата изложеност на сонце го зголемува ризикот за ова заболување многу повеќе од дебелоста.
По новото истражување, се предупредуваат луѓето дека ниското ниво на витамин Д е поврзано со дебелоста и дијабетесот. Луѓето со ниско ниво на овој витамин се посклони кон дебелеење и развивање на дијабетес од типот два, но исто така и кон преддијабетесна состојба, т.е. покачување на шеќерот во крвта. Доколку не се превземат мерки, оваа преддијабетесна состојба за десет години може да се развие во дијабетес.
Ризикот за метаболичен синдром – медицински израз за комбинацијата од дијабетес, висок крвен притисок и дебелост исто така се зголемува со неактивноста и неизложеноста на сонце. Оваа состојба ја доведува погодената личност во поголем ризик од срцево заболување, мозочен удар и други состојби поврзани со крвните садови.
Ова се должи на тоа што постои директна врска помеѓу ниското ниво на витамин Д и начинот на кој телото ја метаболизира глукозата. Витаминот Д помага во регулирањето на нивото на калциум одржувајќи ги здрави коските и мускулите и го регулира имунитетскиот систем, спречувајќи ја појавата и на кожни болести и астма. Исхраната е исто така важна. Добар извор на витамин Д се рибата, жолтките од јајца и млекото.
Затоа, за да бидете здрави хранете се здраво и секогаш кога ќе можете, излезете да ве види сонце!