Некогаш била љубовница, а сега открива: 8 сигурни знаци дека вашиот партнер ве изневерува
Клер Оке-Смит била во врска со оженет маж. „Никогаш не помислив дека ќе бидам љубовница, ја мразев идејата да преземам нечиј партнер, да украдам маж од друга жена“.
Откако дознала дека таа е втора, сега Клер им помага на останатите жени ширум светот да откријат со сигурност дали нивниот партнер ги изневерува. Според неа, еве на кои знаци треба да обратите внимание:
1. Променет вкус
Клер вели дека знакот може да биде ненадејна промена во вкусот на вашиот партнер – одеднаш му се допаѓа некоја нова музика и е опседнат со песни кои досега не ги слушал. Сосема е можно овој негов нов вкус и интереси да се развиле под нечие влијание.
2. Сокривање на паметните уреди
Ако вашиот партнер започне да го крие неговиот телефон или лаптоп од вас, одеднаш ставил лозинка за да немате никаков пристап, тоа може да биде оправдана причина за сомневање.
3. Сарказам
Клер вели личноста која лаже има малку време да смисли добра приказна. А токму сарказмот е еден од најдобрите начини да се избегне објаснување.
4. Насекаде со колешката
Поминувањето повеќе и повеќе време со колешката од работа, допишувањето со неа или организирањето деловни патувања на кои и таа „случајно“ секогаш оди, е црвен аларм. Клер вели дека токму на овој начин, нејзиниот љубовник ги криел нивните средби од неговата сопруга.
5. Нови манири
Ако вашиот партнер одеднаш користи нови фрази, модерни изрази или има нови манири, тоа исто така може да бде знак. Особено ако тој поминува многу време со помлада жена, тој најверојатно не знаејќи несвесно копира некои нови изрази и однесувања од неа.
6. Обраќа многу внимание на надворешниот изглед
Кога партнерот одеднаш почнува да посветува многу поголемо внимание на неговиот изглед, дали се задебелува, да купува нова облека, да оди во теретана, а претходно ги немал овие навики, тогаш се обидува да импресионира некого.
7. Влошен интимен живот
За повеќето мажи, без оглед на тоа што велат, тешко е да одржуваат интимен живот со две жени во исто време. Потребно е многу енергија и планирање за тоа, така што ако партнерот ве изневерува, многу помалку ќе биде активен со вас во спалната соба.
8. Емоционална дистанца
Кога вашиот партнер ќе започне да има љубовна афера со друга, тој многу помалку ќе започне да ве вклучува во неговите планови и ќе биде повеќе емотивно оддалечен.
Ако забележите некој од овие знаци кај партнерот, не мора веднаш да значи дека тој има друга, но бидете внимателни и внимавајте дали и кои друг знаци ги забележувате. Не донесувајте избрзани одлуки засновани врз еден знак или сомнеж.