„Неколку банани, 1 јајце и кисело млеко и мојот диетален десерт е готов! Од сопругот и децата, ретко останува и за мене“
Лесен, вкусен и што е најважно, диетален, па затоа цел свет го обожава! Доволно е да ги измешате сите состојки заедно, додека рерната се загрева, а потоа едноставно да го испечете.
Десертот е умерено сладок, без шеќер, но може да го засладите по ваш вкус. Најдобрата опција е да додадете мед или јаворов сируп, но може и да го збогатите со чоколаден, овошен или сос од карамела и притоа одозгора да декорирате со јаткасти плодови.
Диетален колач со банани
Потребни состојки
- 5 банани
- 1 лимон
- 200 гр урда
- 100 гр кисело млеко
- 30-50 гр мед
- 1 јајце
Начин на подготовка
Излупете ги бананите, исечете ги на половина по нивната должина, нанесете одозгора сок од лимон и поставете ги во сад за печење.
Измешајте ја урдата со јајцето и киселото млеко, користејќи блендер. Добиената смеса исипете ја врз бананите.
Печете околу 20-30 минути, во претходно загреана рерна на температура од 180°C.
Оставете го готвиот колач да се излади, а потоа сервирајте со полевање на мед одозгора врз истиот.