„Неколку години живеев во Тибет и таму научив неверојатен рецепт за целосно прочистување на телото од токсини“
Како резултат на тоа што во нашиот организам внесуваме различни видови на храна и лекарства, потребно е од време на време, истиот да го прочистуваме од акумулираните токсини, за да го одржиме нашето здравје.
Тибет е познат по неговите извонредни домашни природни лекови, а токму за отстранување на штетните токсини од телото, тие веќе 1.000 години практикуваат еден ист ефикасен рецепт.
Во продолжение прочитајте за што станува збор
Тибетски лек за прочистување на телото од токсини
Потребни состојки
- 1 кг лимони
- 300 гр кромид
- 2 литри вода
Начин на подготовка
Во соодветен сад, поставете 2 литри вода да зоврие. Во меѓувреме измијте ги лимоните и отстранете ја само надворешната лушпа на кромидот. Исечете ги состојките на мали парчиња.
Следно, додадете ги исечените лимони и кромидот во топлата вода и оставете ги така да се варат на оганот уште дополнителни 15 минути. Потоа, прецедете ја смесата и добиениот раствор складирајте го тегли или шишиња, по ваш избор.
Количеството е предвидено за третман од 25 дена. Воедно, се препорачува секое утро на гладно т.е 15 минути пред појадокот да се консумира лековиот раствор во количество колку мала чаша за ракија.
Откако ќе заминат потребните 25 дена, се прави пауза од 10 дена.
Доколку сметате дека ви е потребно, можете по паузата да направите уште една доза од лекот. За следните прочистувања потребно е да помине период од 3 месеца.
Зошто тибетскиот лек е ефикасен
Кромидот содржи корисни минерали и има чудесни лековити својства, кои организамот го штитат од вируси, бактерии и грип. Лимоните се богати со витамин Ц, аскорбинска киселина и корисни минерали. Кога овие две состојки ќе се спојат заедно, тие ефикасно го чистат телото од токсини, го прочистуваат уринарниот тракт и бубрезите. Воедно, природниот лек влијае позитивно и во подобрување на функцијата на жолчката и црниот дроб, а исто така значително го намалува и стресот.