Неколку голтки од овој природен напиток, ќе ви помогнат да се ослободите од задржаната вода, подуеното лице, целулитот и вишокот килограми
Некому му се потребни месеци за да ослабне, а некој за само неколку недели добива тенка половина. Понекогаш генетиката е виновна за тоа, но во поголемиот дел од времето, причина е и начинот на кој ги губиме килограмите. Денес ви откриваме еден многу ефикасен.
Губењето на неколку килограми во период од неколку дена е возможно, дури и без драстично да се намалува исхраната. Диетите најчесто се направени така да се фокусираат за топење на масните наслаги, но немаат никаков ефект во однос на решавање на проблемот со вишокот вода во организамот и подуеното лице. За тоа не е виновна ниту генетиката, како што некои луѓе мислат.
Причината лежи во водениот метаболизам и нивото на солта во телото.
Чај за слабеење
Правилната исхрана се состои во елиминација на масните, пржени и многу солени производи и оброци, од солта се откажуваат дури и вегетаријанците. Причината е едноставна: Солта е неопходна за да се апсорбира водата и кога во организамот е внесено преголемо количество на сол, водата започнува да се задржува. Последиците од таа појава набрзо се манифестираат со подуеност и вишок килограми.
Поради дисбалансот на водата во телото, започнуваат да се зголемуваат и наталожените масни наслаги и се појавува целулит.
А во телото може да се задржат дури и до 4 литри вода. Овој проблем може да го решите преку консумирањето на природни состојки, како лимонот, ѓумбирот, зелениот чај и слично, но тие не се доволно моќни, како следната домашна состојка.
Станува збор за ловоровиот лист, а еве како да го приготвите лековитиот чај.
Потребни состојки
- 800 мл вода
- 1 стапче цимет
- 3 супени лажици зелен чај
- 1-2 ловорови листа
Начин на подготовка
Сварете ја водата, а потоа во истата додадете ги сите горенаведени состојки. Оставете ги на пареа дополнителни 15 минути, а потоа покријте го садот со капак. Откако ќе се излади, прецедете го готовиот чај и консумирајте го 3 пати во текот на денот: Наутро на празен стомак, по ручекот и пред спиење.
Третманот треба да го практикувате 1 недела и не се препорачува да се повторува повеќе од еднаш во текот на 2 месеца.
Зелениот чај и ловоровиот лист се ефикасни диуретици, додека пак циметот е неопходен за вкус, а воедно неговата силна арома може да го скроти зголемениот апетит.
Природниот и лековит наптиок ќе ви помогне да го забрзате метаболизамот, да не се прејадувате и ефикасно ќе ја исфрли задржаната вода во вашиот организам.