Неколку јајца, кисело млеко, малку брашно и јаболка и за 5 минути овој десерт исчезнува од чинијата
Ни доаѓа сезоната на јаболката и за денес ви подготвивме фантастичен рецепт со ова есенско овошје.
Неодоливи јаболкови прстени
Потребни состојки
- 3 јаболка
- 3 јајца
- 6 супени лажици пченично брашно
- 60 гр шеќер
- 50 мл кисело млеко
- 50 гр масло за готвење
- 2 гр сода бикарбона
- Половина кафена лажица ванила
Начин на подготовка
Измијте ги добро јаболката и истите излупете ги и исчете ги на кругови и извадете ја средината. Во длабок сад, изматете ги јајцата, а потоа додадете го ванилиниот шеќер и добро измешајте ги состојките, додека кристалите не се растворат целосно.
Во добиената смеса, додадете го и киселото млеко, содата и брашното и измешајте ги состојките до добивање мазна текстура, без меурчиња.
Секој јаболков прстен потопете го во смесата и испржете го во тава со претходно загреано масло, додека прстените не ја добијат потребната златна боја.
Врз готовите и изладени јаболкови прстени може одозгора може да посипете шеќер во прав, мед или да ставите од омилениот прелив. Покрај тоа, доколку вашето семејство го обожава циметот, исто така и него може да го додадете во тестото, за почудесна арома.
Пријатен апетит!