Неколку моменти пред да ги исклучат апаратите кои го одржувале син им во живот се случило чудо
Осумнаесетгодишник кој беше прогласен за мозочно мртов, откако го удри комбе, трепна и започна да дише самостојно неколку часа пред да бидат донирани неговите органи.
Луис Робертс, од Лек, Стафордшир, Англија, бил удрен од возилото во неговиот роден град на 13 март и претрпел катастрофални повреди на главата.
Бил пренесен во универзитетската болница Ројал Стоук каде што на неговото семејство му било кажано, четири дена подоцна, дека ја изгубил борбата и да дојдат да се збогуваат. Тие се согласија да ги донираат органите на Луис за да им помогнат на уште седум лица, но само неколку часа пред операцијата тинејџерот почна да дише самостојно.
Неговата сестра Џејд Робертс, 28, на 18 март објави несекојдневно видео со нејзиниот брат од креветот во болница.
Таа ја снимаше машината како го следи неговото дишење и рече: „Дали сте подготвени, Лу еден, два, три, диши“.
На 26 март Џејд рече дека дека успеал да диши сам цел ден без употреба на респиратор.
Но, таа рече дека на 28 март тој морал повторно да го користи поради „можна инфекција на градите, за која се испитува“.
Џејд минатата недела преку објава на Фејсбук додаде: „После многубројни тестови, од болницата ни рекоа дека Луис се откажал од борбата, без одговор и претрпе смрт на мозочно стебло“.
„Потпишавме формулари за да ги донираме неговите органи и имавме намера да го кажеме последното збогум“.
„Луис минатата недела беше официјално беше прогласен за мртов“.
„Чекавме кафеава линија да се покаже многу денови, за да покаже дека сами дише, но немавме среќа“.
„По некое време се покажа кафеавата линија и тој зеде здив … Ни рекоа дека мора да е грешка, невозможно е“.
“Се вратив дома и преку телефонски повик ми кажаа …„Луис дише сега“. Неговите очи се отвараат, а порано немавме никаков знак, ништо, нула“.
„Семејството и персоналот од болницата не можеле да поверуваат дека гледаат чудо, Луис е втората личност во целиот свет што го сторил ова“.
Луис го заврши изборот за британска армија во Декември 2019 година и гордо објави слика од својот сертификат на Фејсбук.
„По ова, Луис продолжи да напредува. Тој започна да реагира на тестови за болка, движејќи ги екстремитетите самостојно, а исто така ја движи главата од една на друга страна, трепка и исто така ја движи устата. Секој ден, ова момче станува се посилно“.
„Многу луѓе побараа да испратат пари за Луис. Сите пари што ќе бидат испратени ќе бидат за Луис кога тој е дома и ќе застане на нозе“.
„Само би сакале да кажеме, како семејство, ви благодарам многу и ние сме многу благодарни за молитвите на сите и за најдобрите желби за Луис“.