„Неколку парчиња кромид во чорапите и сум нов човек!“ – Еве зошто секој треба да го прави ова навечер
Постојат безброј лековити рецепти со кромид поврзани со зајакнување на имунитетот, за беспрекорна кожа и коса, за намалување на температура. Овој ароматичен зеленчук се користи за се уште од древни времиња.
Какви се придобивките од кромидот за здравјето?
Кромидот е богат извор на различни хранливи влакна, како и витамините Б6 и Ц. Тој е докажано еден од најлековитите зеленчуци. Има силни антибактериски својства.
Консумацијата на кромид го зголемува имунитетот, бидејќи истиот е богат со витамин Ц и фитохемикалии. Ефикасно го регулира нивото на шеќер во крвта, помага при инфекциски заболувања и успешно ги ублажува воспаленјата.
Зошто треба да поставите кромид во чорапите, пред спиење
Причината зошто секој од нас треба да го практикува ова е поради фактот што кромидот има моќни антибактериски и антивоспалителни својства. Тоа значи дека неговата локална употреба ќе помогне за ефикасно елиминирање на различните бактерии и микроби.
Кромидот е богат со фосфорна киселина, при што на овој начин, неговите лековити својства многу брзо ќе навлезат во крвотокот. Од друга страна, кромидот ќе го прочисти организамот од сите бактерии и микроби, кои би можеле инаку да придонесат за развивање на грип и разни респираторни заболувања.
За да постигнете макисмален ефект, поставете неколку парчиња кромид на стапалата, а потоа облечете памучни чорапи. Причината зошто да ги поставите токму на стапалата е поради фактот што таму се наоѓаат т.н меридијани, односно точки кои имаат директен пристап до внатрешните органи и водат кон нашиот нервен систем.
Самите лекари препорачуваат да одиме боси одредено време, во текот на денот, за да ги активираме овие точки, но со кромидот, благодарение на неговата фосфорна киселина, истите веднаш лесно ќе се активираат, што значително ќе го подобри нашето општо здравје.