Неколку совети од една модерна мајка
Со бескрајна листа на обврски и задачи 24/7, тешко е да најдеме време за самите себеси? Со доза хумор мајката ни дава неколку вредни лекции за мајчинството.
1. Не можете да се справите самите и не треба
Не срамете се да побарате помош. Ако не можете да си дозволите да вработите дадилка, тогаш замолете ги блиските или соседите да го причуваат вашето дете. Престанете да верувате дека сте обврзани да бидете супер мајка, која може да се справи со сето тоа сама. Мачеништвото не е добро за никого.
2. Бабите и дедовците се клучот за зачувувањето на Вашето ментално здравје
Тие ги разгалуваат вашите деца – дозволете им. “Ако сакаат да им дадат сладолед за ручек, јас се согласувам. Да гледаат телевизија до доцна? Немам ништо против. Дозволете им на Вашите деца да мислат дека баба и дедо се многу позабавни од вас, така ќе сакаат често да ги гледаат, што значи повеќе слободно време за вас “.
3. Самиот обид за да направите подобар избор е доволна причина да славите
Многу е лесно да најдете милиони причини да се потценувате, но престанете да се омаловажувате. Вие правите позитивни чекори и правилни избори – ова е доволна причина да ја држите главата високо.
4. Детската храна е детска храна и не треба да ја јадете
Вашата улога на родител не вклучува да јадете остатоци од храната на детето. Вие не сте корпа за ѓубре, туку достојна жена која заслужува да добие цела порција.
5. Не се облекувајте во облека со дамки
Имајте почит кон себе и својот изглед. Можеби сте качиле неколку килограми, но тоа не значи да се облекувате само со широки алишта, со кои се обидувате да се прикриете. Најдете модели кои одат на вашата фигура. Исто така облеката со дамки е за во ѓубре.
6. Малку манипулација не штети на никого
“Мојата тактика е многу различна. Кралица сум обратната психологија (” Не, не треба да учиш за тестот по математика. Може само да паднеш. “) И на страшните приказни (” Кога бев девојче имав пријателка која не си ги миеше забите и сите и паднаа. “). Малку е подло? Можеби. Ефективно? 100%”
7. Утринскиот секс може да Ви го спаси бракот
50% од паровите пропуштаат да имаат секс, бидејќи се премногу уморни. Можеби треба да се обидете да го правите тоа во утринските часови или кога децата се на училиште. Ако е важно за вас (а треба да биде), сместете го во утринскиот распоред.