„Немам купено месо повеќе од 1 година“: Како оваа мајка го полни фрижидерот за само 100 денари
Туи Марама Кенан имала доста шарен живот: 8 години била полициски офицер, потоа наградувана инструкторка по зумба, а сега се грижи за нејзините 5 ќерки. Но, таа не е обична мајка.
Кога ноќта настапува на сцена, 40-годишната мајка се претвора во вистински ловец.
Туи, која доаѓа од Нов Зеланд, не би можела да ви каже колку чинат протеините купени од продавница, ниту која е цената на месните производи, како пилешко, свинско, јагнешко итн.
Причината за тоа е што мајката не го полни фрижидерот на начинот на кој сите тоа го правиме. Наместо, тоа Туи вусшност го лови својот ручек. Елени, свињи, кози, зајаци и риби, е она што таа го лови заедно со својот сопруг, полицискиот офицер Комри, а трошат само скромни 100 денари на потребните куршуми.
За возврат, дома се враќаат со месо во вредност од 550 евра, за целото семејство.
„Дома имаме голем замрзнувач и научив, но и сè уште учам како да го обработувам месото. Се трудиме да искористиме се од уловеното животно, бидејќи не сакаме да фрламе ништо. Секоја вечер консумираме месо, а готвиме секакви деликатесни јадења“- вели Туи.
Таа често на лов ги води и своите ќерки, Рајли, Стиви-Ен, Лена, Грејс и Бруклин, кои се на возраст од 5 до 18 години, за да заедно поставуваат замки, а дел од месото го продаваат и како храна за домашните миленици.