Необична љубов во соседството: Таа има 19 години, а тој 63 – „Секој ден имаме интимни односи и се сакаме повеќе од сè!“
Вирџинија има 19 години, а Николај е на 63-годишна возраст и тие се еден навистина необичен пар кој не престанува да ја интригира јавноста во соседна Бугарија.
На прашањето на новинарот кој решил да напише сторија за нивната љубов, за тоа како се запознале, Николај одговорил: „Се запознавме сосема случајно. Бев пријател со нејзините родители, при што прекрасното познанство прерасна во семејно пријателство. По 2-3 години дружење, започна и нашата љубовна врска. Без да планираме, работите меѓу нас станаа посериозни и денес сме навистина неразделни.“
Самата Вирџинија изјавила дека уште кога го запознала Николај почувствувала посебна хемија и веќе знаела дека тој ќе биде нешто повеќе од нејзин пријател.
Николај е разведен и има внуци. Неговата поранешна партнерка има 52 години. По разводот тој излегувал и со други жени, кои биле на возраст околу 35-40 години.
„Не сум мечтаел за млада девојка. И иако нашите пријатели не ја гледаат нашата врска како нешто нормално, сепак знаат дека Вирџинија не е со мене поради парите, туку поради љубовта.“ – вели Николај.