Необично теле кое се роди на Денот на вљубените ги разнежни луѓето низ светот
На 14-ти Февруари, оваа година, во една фарма, во градот Антрим, Северна Ирска, се роди теле со необична дамка на челото, во форма на срце. Земјоделецот Џејмс Меколи, сопственикот на телето официјално го регистира истото под името „Биди мој Валентин“.
Меколи признава дека во текот на неговото дологодишно искуство како фармер никогаш досега нема видено теле со ваква дамка и тоа на најромантичниот ден во годината.
Тој објави фотографија од неговите деца Емили, Џек и Хари заедно со уникатното тело, со кое многу обожаваат да си играат, а притоа фотографијата стана хит на Интернет и го освои срцето на милиони луѓе!