„Непцата ми крвареа постојано, а здивот ми беше лош. Овој домашен третман ме спаси“
Крварењето на непцата е едно од најчеститие заболувања, кои можат да се појават уште од рана возраст. Доколку секогаш кога се обидувате да ги исчистите забите, се соочувате со такво крварење, и покрај тоа што тоа го правите внимателно и нежно, можеби се соочувате со сериозен орален проблем.
По дефиниција, крварењето на непцата може да се определи како инфекција на ткивата околу забите, а медицински состојбата се нарекува пародонтална болест, пародонтит или едноставно воспаление на непцата.
Во повеќе случаи, симптомите се карактеризираат со вцрвенување, чувствителност и отекување на непцата.
Насобирањето на денталниот плак, подеднакво може да биде причина за крварењето на непцата. Плакот е безбојна и леплива маса, која се образува од бактерии, слуз и други честички. Постојаното акумилирање на таа маса доведува до појава на кариес, кој пак може да биде отстранет само од страна на стоматолог.
Домашни третмани и мерки за спречување на крварење на непцата
1. Добра орална хигиена
Доколку имате лоша забна хигиена, тоа може да биде една од причините за крварењето на непцата.
Стоматолозите препорачуваат забите да се мијат двапати во текот на еден ден. Некои луѓе имаат навика тоа да го прават само наутро, но потребно е забите да ги миете и пред спиење, за да го спречите натрупувањето на дентален плак и патогени, кои се насобирале во текот на целиот ден.
2. Водороден пероксид или кислородна вода
Оваа состојка може да се најде во скоро сечиј дом, а најчесто се користи за дезинфекција на предмети и површини. Но, кислородната вода може да ја користите и за успешно да ги елиминирате забните наслаги и притоа да го спречите крварењето на непцата.
Потребно е, кога ќе забележите дека непцата ви крварат, да ја исплакнете усната празнина со водородниот пероксид. Тој ќе го спречи крварењето, а воедно ќе го спречи нивното отекнување т.е подуеност. Течноста допира до бактериите кои се сместени во најнепристапните и најдлабоки зони на забите и ги убива истите.
3. Витамин К
Крварењето може и да престане при насобирањето на крвните садови т.е тромбоцити, а самиот процес, е познат како загрутчување на крвта. Во таквите ситуации, еден од најпознатите и најефикасните лекови е витаминот К, кој помага за забрзување на тој процес.
Иако недостатокот од овој витамин е ретка појава, сепак постојат шанси за негова појава. Доколку вашите непца крварат веќе одреден период, телото можеби не произведува доволно количество на протробмин, кој се смета за фактор на коагулацијата.
Во тој случај на вашето тело му е потребен внес на витамин К, а тоа најдобро можете да го направите со консумирање на зелени и лиснати зеленчуци, како што се зелката, спанаќот, брокулата, краставицата, карфиолот, но и храна како јајца, јагоди, пилешко и сл.
Оваа листа на храна е богата со витамин К, која на лесен начин ќе ви помогне да го надокнадите неговиот недостаток во организамот.
4. Витамин Ц
Витаминот Ц исто така е исклучително важен за здравјето и хигиената на забите. Подеднакво важен е и колагенот т.е главниот протеин на сврзното ткиво, а кога организамот не произведува колаген во доволно количество, забите и непацата ослабнуваат. Како резултат на тоа може да се појави и крварење при самите непца, додека ги миете забите.
Причината поради која е потребно да внесувате витамин Ц, кога ќе ги почувствувате тие симптоми, е тоа што овој витамин помага во создавањето на колагенот и е еден од најдобрите лекови за спречување на крварењето на непцата. Тоа се должи на фактот, што витаминот дејствува како моќен антиоксидант и ја штити мембраната на непцата, притоа зајакнувајќи ги и самите ткива.
5. Солена вода
Доколку не можете да сметате на вашата редовна хигиена и миење на забите, стоматолозите препорачуваат во тој случај редовно да ја плакнете усната празнина со смеса од топла солена вода.
Растворот значително ќе го намали присуството на бактерии и ќе го спречи крварењето на непцата, предизвикано од воспаление.
Начин на подготовка: Додадете половина кафена лажица сол во чаша топла вода. Третманот практикувајте го од 3 до 4 пати дневно.
6. Пијте зелен чај
Зелениот чај содржи катехин, кој се смета за моќен антиоксидан кој помага да се намали воспалението, а со тоа и крварењето на непцата, предизвикано од бактериите во устата. Се препорачува чајот да се консумира од 3 до 4 чаши дневно, воедно со цел да ја подобрите и самата хигиена на забите. Истовремено овој напиток го регулира нивото на стомачната киселост.
Важно да се знае
При употребата на едно од горните домашни средства, по третманот од една недела, крварењето на непцата би требало да престане. Доколку забележите дека крварењето продолжува и втора недела, потребно е да побарате дополнителен лекарски третман и лекарска консултација, за да ја утврдите точната дијагноза и причина за вашата состобја.