Неразделни сестри од Хрватска направиле заедничка свадба, а сега ќе заминат и на заеднички меден месец
26-годишната Анита Бацановиќ ја планирала свадбата со нејзиниот партнер со кој била во врска веќе 5 години. Таа и предложила на нејзината сестра Мануела, 28 години, да направат двојна свадба, иако Мануела уште не била верена со нејзиното момче. Овие две неразделни сестри сакале заедно да го доживеат најубавиот ден од животот. Тие дури и се одлучиле заедно да одат на меден месец во Тајланд.
Анита вели дека е невообичаено да се видат две невести на исто место и во исто време, но таа е пресреќна што го направила тоа заедно со нејзината сестра. Мануела била во врска со нејзиното момче 10 години и тие размислувале за мала свадба, но никогаш не направиле веридба. Додека Мануела и помагапа на Анита со подготовките за свадбата, Анита предложила сестрите да направат двојна свадба.
Мануела и нејзиниот, сега сопруг живеат во Германија, а Анита заедно со нејзиниот сопруг планираат да се преселат таму, во истиот град затоа што не можат да поднесат да бидат разделени. Тие се сестри и најдобри пријателки.