Неверојатни бенефиции на куркума
Куркумата е една од најчесто користените зачини, која потекнува од Југоисточна Азија и се карактеризира со специфична жолта боја. Таа не само што ги прави јадењата повкусни, но исто така има многу придобивки за организмот.
Помага при акни
Измешајте 1 лажица алое вера и 1/4 лажиче куркума. Нанесете врз проблематичните зони и почекајте 10-15 минути, а потоа исплакнете. Оваа маска може да ја правите 3 пати неделно.
Ги избелува забите
Натопете ја четката за заби во масло, а потоа во куркума прав и четкајте ги забите во текот на 3 минути. Направете ја оваа постапка 3-4 пати неделно.
Помага при настинка
Измешајте 1/2 лажиче куркума прав со чаша ленено масло. Ставете во сад и загрејте додека не добиете силна арома. Направете си инхалација на 1-2 минути. Може да го правите тоа при настинка 2 пати на ден.
За раст на косата
Измешајте 1 лажица куркума прав и 50 мл маслиново масло. Нанесете врз корените и почекајте 30 минути. Може да ја правите оваа маска 3 пати месечно, за да го стимулирате растот на косата.
Го подобрува расположението и ја стимулира мозочната функција
1 чаша ладна вода, 1/2 лажичка куркума прав, 1/2 лажичка црн пипер и парче лимон. Измешајте се заедно. Ефектот е инстант. Ова не е препорачливо ако имате проблеми со стомакот.
Помага да слабеете
Во 1 чаша млеко ставете 1/2 лажиче куркума прав. Пијалакот го засилува метаболизмот и го намалува апетитот. Може да пиете секое утро.